За партнерот

Здружението за социјални иновации и одржлив развој РАДАР – Скопје, е основано во 2013 година со цел: поттикнување и примена на социјалните иновации (нови модели, услуги и производи) кои ќе допринесат за општествени промени и подобрување на квалитетот на живеење.

РАДАР практикува интердисциплинарен и партиципативен пристап, промовира системско, систематично и колаборативно истражување, едукација, размена и примена на практики кои ќе доведат до промена, развој и напредок на општеството преку негување на принципот на одличност и исклучителност.

РАДАР има остварено соработка со повеќе невладини организации и експерти од различни области од Македонија и од Европа со што се овозможува комуникација со современите трендови на критичко мислење и взаемно поврзување и вмрежување на домашните и странските експерти и институции од различни области, во регионот и пошироко во светот.

Мисијата на организацијата е да предводи и поттикнува промени со иновации и алтернативни модели за решавање на општествените предизвици, кои влијаат на другите актери и се вклучуваат во главните општествени текови.

Донатор

Наслов на проектот

Период на спроведување

Вкупен грант

Цивика мобилитас

 

Добро владеење на општинската демократија и граѓанското учество на ниво на локална самоуправа

 

Мај 2017- јули 2018

331.000,00

Здружение за права на Ромите од Штип во рамки на проектот: „Мрежа на ромски граѓански организации – Одговор на ромската заедница“ финансиран од Европската Унија (ЕУ) во рамки на Инструментот за претпристапна помош ИПА/2015/371474

Младите Роми- двигатели за позитивни општествени промени

Декември 2016-Мај 2017

307.000,00

Секретаријат за спроведување на Охридскиот рамковен договор

Учество на жените од етничките заедници во јавниот сектор

Август 2016 – Јануари 2017

500.000,00

АДИ Гостивар

Граѓанското општество во акција за еднаквост

Февруари-октомври 2016

761.400,00

Иницијативата за социјални промени –ИнСок

Пристап на Ромите до ЕУ фондовите

Јануари-декември 2016

328.900,00

Центар на југоисточна Европа за надзор и контрола на инфективни заболувања, од Република Албанија СЕЦИД Албанија

Надгледување и одговор на птичјиот и пандемски грип

Април- ноември 2016

440.000,00

Како дел од планот за (само)одржливост, здружението РАДАР обезбедува консултантски услуги за организации и институции за:

  • Подготовка на предлог проекти што опфаќа:
    • детална проценка на можностите за секој повик што вклучува дефинирање на тема (согласно стратешките приоритети на организациите/институциите) од аспект на приоритетите на повикот;
    • дефинирање на профил на партнери;
    • подготовка на апликација (наративен дел, буџет, е-апликација и други пропратни документи);
    • координација со партнерите за успешно поднесување на апликацијата;
    • соодветна експертиза за подготовка на апликациите за областите под мандат на организациите/институциите
  • Експертиза за раководење на проекти
  • Експертиза за подготовка на анализи
  • Експертиза за подготовка и реализација на обуки од различни области (стратешко планирање, проектен циклус, пристап до фондови, партиципативно буџетирање, застапување и лобирање, човекови права, дискриминација, социјална инклузија, права на маргинализирани заедници, мониторинг и евалуација)